19.5 C
Shtip
spot_img

Во штипските основни училишта, во мајскиот уписен рок, за наредната учебна година се запишани 326 ученици

Заврши уписот на првачиња во основните училишта во Штип. Истиот траеше еден месец од 1 до 31 мај. Во петте основни училишта на територија на Општина Штип запишани се 326 ученика, но се очекува оваа бројка да порасне до крајот на август бидејќи дел од родителите тогаш си запишуваат своите деца во прво одделение. Најмногу првачиња до сега се запишани во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип.

„Мајскиот уписен рок заврши, ова е всушност и единствениот рок, но и во август се дозволува за оние родители кои не ги запишале децата да ги запишат. На територијата на Општина Штип се запишани вкупно 326 ученика во петте основни училишта.“ – вели Санева.

Оваа година се очекува најголемо почитување и на реонизацијата, согласно промената на Законот за основно образование. Дополнително се очекува поголем број запишани првачиња, бидејќи основните училишта нудат квалитетна настава, но и соодветни услови за одржување на наставата.

„Тоа најмногу се должи на промената на Законот за основно образование во кој е јасно прецизирано под кои услови е дозволена реонизацијата. Тоа се многу малку услови така што секој родител треба да го запише детето онаму каде што припаѓа“ – додава Санева.

Во учебната 2025/26 година се запишуваат децата родени од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година. Согласно Законот за основно образование можат да се запишат и децата родени од 01 до 31 јануари 2020 година.

━ повеќе содржини

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...

Три овошја што го топат салото на стомакот

Сѐ повеќе луѓе бараат природни начини за намалување на салото на стомакот, а исхраната игра клучна улога во овој процес. Експертите истакнуваат дека одредени...
spot_img