-1.5 C
Shtip
spot_img

YouTube воведува огромен новитет, повеќе нема да можете да правите една работа

YouTube тестира нова функција за ограничување на гледањето кратки видеа Shorts.

Доколку редовно користите социјални мрежи или видео платформи, големи се шансите да сте западнале во замката на бесконечно скролање низ кратки видеа сè додека, како што велат експертите, „мозокот не се исклучи“.

Иако на прв поглед оваа навика изгледа беззначајно, се повеќе истражувања укажуваат на тоа дека прекумерната употреба на апликации со кратки видеа може да доведе до проблеми како што се намалена концентрација, лошо управување со времето и намалени способности за учење.

Платформата YouTube Shorts, според податоците на Google, дневно бележи над 70 милијарди прегледи. Google досега агресивно ја промовираше оваа функција, нудејќи едноставни алатки за креирање содржина, но најновите чекори сугерираат дека компанијата започнува да ги препознава потенцијалните негативни ефекти врз корисниците.

YouTube апликацијата е откриена нова функција која има за цел да им помогне на корисниците да го контролираат времето поминато гледајќи Shorts.

Новата верзија вклучува линии на код што укажуваат на воведување на посебен дневен тајмер за Shorts видеа, кој ќе биде одделен од постоечкиот „Направи пауза“ потсетник за генерално гледање видеа. Целта на овој тајмер е да го спречи бескрајното скролање, така што кога ќе се достигне однапред поставениот дневен лимит, апликацијата ќе го ограничи понатамошното гледање Shorts видеа.

Сепак, не станува збор за целосна блокада – корисниците сè уште ќе можат да гледаат поединечни Shorts видеа што се појавуваат на почетната страница или во резултатите од пребарување.

Сè уште не е познато кога оваа функција ќе биде достапна за пошироката јавност, но нејзиното присуство во бета верзијата покажува дека YouTube активно тестира начини за подобро управување со времето на корисниците. Дали овој тајмер навистина ќе помогне во справување со дигиталната зависност – останува да се види.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img