EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена
Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд.
Новата песна „MI60“ на EMIGRANTI достигна 57.000 прегледи за само 7 дена, потврдувајќи дека публиката знае да препознае кога една песна има потенцијал да стане вистински хит.
Зад проектот стои сериозен труд и снимање реализирано во повеќе држави, градови и на два континента, со силен печат од Англија, каде што EMIGRANTI активно ја градат својата музичка приказна.
„MI60“ веќе не е само песна, туку станува вистински viral dance song, која се шири меѓу луѓе од различни генерации и на различни места. Успехот на песната е уште еден доказ дека кога музиката има искрена енергија, народот тоа знае да го почувствува и поддржи.







