Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од Бистер до големите сцени во Лондон и Оксфорд. Даријан настапи на 16 септември во The Clapham Grand – London, а на 18 септември во Oxford Town Hall, заедно со ЕМИГРАНТИ и „КАКО БРАЌА“. Посебен момент од овие настапи е појавувањето на татко и син на иста сцена, на ист бит и во иста авторска песна. Како Македонци, со ова испишуваме едно посебно поглавје во нашата рап-приказна и веруваме дека создаваме момент што ќе остане запаметен. Мини-документарецот ги прикажува патувањето, подготовките, настапите и моментите зад сцената во Лондон и Оксфорд. Оригиналната песна „Татко и син / Father & Son“ веќе е снимена, а во моментов се завршуваат последните сцени од официјалниот видеоспот, кој исто така е во завршна фаза и ќе биде објавен наскоро.
Мини документарецот е достапен на YouTube каналот EMIGRANTI Official, како и на официјалните Facebook, Instagram и TikTok страници на ЕМИГРАНТИ.







