30.6 C
Shtip
spot_img

ChatGPT ја сруши конкуренцијата

Мобилната апликација ChatGPT генерираше приход од 2 милијарди долари во последните две години.

Мобилната апликација ChatGPT за iOS и Android уреди генерираше приход од 2 милијарди долари од нејзиното лансирање во мај 2023 година, со просечен приход по инсталација од 2,91 долари, според најновиот извештај од Appfigures.

Оваа сума е 30 пати поголема од комбинираните приходи на конкурентските мобилни апликации базирани на вештачка интелигенција Claude, Copilot и Grok, се додава во извештајот.

ChatGPT заработи 1,35 милијарди долари од инсталации само во првите седум месеци од 2025 година, што е зголемување од 673 проценти во однос на истиот период минатата година, објави Tech Crunch.

Неговиот најблизок конкурент, апликацијата Grok на xAI, заработи само 25,6 милиони долари од приходи од инсталации во истиот период, што значи дека приходите од четботовите на ChatGPT се 53 пати поголеми.

Споредбата според инсталациите дополнително ја потврдува доминацијата на ChatGPT. ChatGPT е преземен околу 690 милиони пати низ целиот свет, додека Grok има 39,5 милиони инсталации.

Апликацијата ChatGPT има просек од 45 милиони преземања месечно, што е за 180 проценти повеќе од просекот за периодот од јануари до јули 2024 година, кој изнесува 16 милиони, се додава во извештајот.

Само оваа година, апликацијата ChatGPT е преземена 318 милиони пати, речиси три пати повеќе отколку во истиот период во 2024 година.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img