Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар.
Проектот опфаќа расчистување на оштетените структури, зајакнување и стабилизација на ѕидините, како и подобрување на пристапот за посетителите. Целта е зачувување на автентичноста на едно од најзначајните културно-историски обележја на Штип и спречување на неговото понатамошно пропаѓање.
Со оваа владина инвестиција се создаваат услови за заштита и ревитализација на Исар, но и за развој на културниот туризам и поголема промоција на историското наследство на градот.







