28.8 C
Shtip
spot_img

Пожарот во Штипско сè уште активен – гори меѓу Селце, Пухче, Степанци и Лакавица

Пожарот во штипскиот регион и натаму е активен. Според информациите на Центарот за управување со кризи, заклучно со 7:30 часот денеска гори ниска вегетација на потегот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, четири се ставени под контрола, а 20 се изгаснати.

Покрај пожарот во Штипско, активен е и пожарот меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Под контрола се ставени пожарите на повеќе локации, меѓу кои и Градската депонија Острец во Делчево, додека пожарите во останатите делови од земјата се изгаснати.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат пожар навреме да го пријават, особено поради високата опасност од брзо ширење на огнот на отворен простор

━ повеќе содржини

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО ШТИП – КАМЕРИТЕ ЌЕ ГИ РЕГИСТРИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРЕКРШОЦИ!

Штип е следен на листата за воведување на системот „Безбеден град“ (Safe City). По Велес и Охрид, системот продолжува да се шири, а според...

Штипскиот тренер Антонио Доневски – Анте со нов ангажман на Малта!

Познатиот штипски фудбалски тренер Антонио Доневски - Анте има нов клуб на Малта - FC Mellieha! Ова е трет ангажман на Доневски на монденскиот...

Се нормализира водоснабдувањето во Штип!

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Поголем дел од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните кои што живеат во повисоките зони на...
spot_img