Со благослов и молитва за успешен почеток на новата учебна година, во Штип ќе се одржи соборна молитва – молебен за сите ученици, студенти, наставници, професори и сите останати вклучени во воспитно-образовниот процес.
Молебенот ќе се одржи во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип, во понеделник, 31 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот.
Од храмот упатуваат покана до сите ученици, студенти и учесници во воспитно-образовниот процес да присуствуваат и заеднички со молитва да го започнат новиот образовен период.
Понеделник, 31.08.2026 | 18:00 часот
Соборен храм „Св. Никола“ – Штип







