25.6 C
Shtip
spot_img

Денес е Спасовден, го празнуваме Вознесението на Господ Бог!

Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ќе ве научи на целата вистина. По воскресението од мртвите, во текот на четириесет дена им се јавуваше на своите ученици, не заедно, туку одделно, јадејќи и пиејќи со нив, појасно претставувајќи го воскресението. Најнакрај, откако им вети многу за Царството Небесно, им заповеда да не се одделуваат од Ерусалим, туку таму да пребиваат и да го чекаат доаѓањето на Пресветиот Дух, и со него да бидат крстени. Им заповеда да прибвиаат во Ерусалим за да таму најпрвин биде проповедано Евангелието и за да потоа кога ќе одат на туѓи места, да бидат добро опремени, како некои воини, подготвени со оружјето на Духот, и така да одат против непријателите Христови. Кога настана времето на вознесението, Христос ги одведе учениците свои на Елеонската (Маслиновата) гора, која така се нарекува затоа што беше засадена со многу маслинки. И им говореше за Своето Царство, и дури говореше дојдоа ангели и го покажаа вознесувањето на небесата. И дури тие гледаа, тој беше земен од нивната средина, носен на еден облак и така од ангелите. И седна оддесно на Отца, обожувајќи ја плотта, и би се дрзнал да речам, ја створи и неа божествена, преку која ние се помиривме, а древното непријателство беше разрушено. Пред апостолите застанаа ангели во вид на мажи и говореа: мажи, галилејци, што стоите и гледате кон небото? Тој Когошто во видовте, воплорениот Бог Исус, Тој пак ќе дојде на јаве во плот, но не како првиот пат, понизно и молчаливо, туку со слава голема, како што и сега гледате од ангелите. Тогаш апостолите се вратија од Елеонската гора, бидејќи таа беше близу до Ерусалим: две илјади и четириесет стапалки, тоа е еден саботен ден од. И бидејќи така е пропишано до Мојсеја, толку стапки во сабота да можат да се одат, затоа што и скинијата на заветот беше толку оддалечена од јудејскиот полк. Возможно беше да се оди во сабота да се поклонат таму, не правејќи поголем пат, затоа и се нарекува саботен ден од. Некои сметаат, заради тоа, дека Христовото Вознесение било во сабота, но тоа е погрешно. Откако се вратија апостолите, влегоа во горната соба, во која беше, заедно со жените мироносици, и Мајката на Словото, која со пост и молитви и молби го чекаше доаѓањето на Сесветиот Дух, како што беше ветено. Христе Боже, кој се вознесе во слава, помилуј нè, амин.

━ повеќе содржини

НК Фаланга и Ултра Банда подготвуваат спектакл по повод влезот на Брегалница во прва лига!

Навивачките клубови Фаланга и Ултра Банда повикуваат на сенародна мобилизација за саботниот меч (23.05.2026) на ФК Брегалница против ФК Победа од Прилеп. Со тој...

Д-р Сашко Кедев одликуван со плакета за “Европска личност на годината 2025”

Штипјанецот Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година Интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко Кедев е добитник на...

Директорска смена во штипските градинки!

Ивана Ангеличкова е нов директор на Астибовата градинка во Штип, на местото на Илија Митров кој е веќе поранешен директор. Ангеличкова, до денес беше...

УТРЕ (21.МАЈ) СРПСКАТА ПЕЈАЧКА ГОЦА ТРЖАН ЌЕ ПЕЕ ЗА 30.РОДЕНДЕН НА ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Општина Карбинци својот 30-годишен јубилеј од постоењето ќе го одбележи со повеќе културни и спортски активности како и со настап на повеќе бендови и...

Ајкула од 2,5 метри се појави во плитко во Грција, посетителите во паника (видео)

Ајкула долга околу 2,5 метри се појавила во плитките води на плажата Лутра Ореас Еленис, во близина на Коринт, предизвикувајќи вознемиреност меѓу посетителите и...
spot_img