Пред 24 години на 19 мај 2002 година Кометал Ѓорче Петров го освои првиот пехар во Лигата на шампиони. Македонскиот тим предводен од легендите Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ го победи Херц Ференцварош со 26-22 во реванш финалниот натпревар за историја.
15 Ракометарки кои играа на легендарните натпревари против Херц се: Дину, Калиниченко, Кастратовиќ, Платон, Велкова, Бујанова, Чупиќ, Будимир, Кисељова, Андрушенко, Нацева, Малахова, Пласницкаја, Боева и Златановска.
Македонија го живееше сонот на шампионите, ракометното лудило се славеше на големо. Кометал Ѓорче Петров остана единствената женска екипа кој се радувала на пехари во Лигата на шампиони, иако ЖРК Вардар во поновата историја имаше ѕвезден тим, сепак не успеа да се закити со овој трофеј.







