Активностите за унапредување на инфраструктурата продолжуваат во неколку населби во градот. Во рамки на планираните зафати, наскоро ќе започне реконструкцијата на улицата „Џемал Бједиќ“.

Со проектот е предвидено поставување на нов асфалт, како и уредување на нови тротоарски површини, со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на сообраќајот и безбедноста на пешаците. Дополнително, ќе се подобри и целокупниот изглед и функционалноста на овој дел од градот.

Овие активности се дел од континуираните напори за создавање поквалитетна и побезбедна урбана средина за сите граѓани.







