18.5 C
Shtip
spot_img

Емил Павлов стави точка на својот шампионски пат!

Најтрофејниот македонски каратист, Емил Павлов, официјално стави крај на својата богата спортска кариера. Веста ја сподели преку емотивно видео обраќање, во кое се осврна на патот исполнет со напорна работа, победи, солзи и незаборавни моменти. Павлов е медалист на најголемите европски и светски карате собири.

„Не е лесно да се каже збогум на нешто што било дел од твојот живот толку многу години. Денес официјално ставам крај на мојата спортска кариера – пат исполнет со многу труд, победи, солзи и незаборавни моменти,“ напиша Павлов.

Тој истакна дека за него било огромна чест да ја претставува Македонија на најголемите европски и светски натпреварувања, носејќи медали и предизвикувајќи да се слуша македонската химна во негова чест.

Во својата порака, Павлов упати благодарност до своите тренери од Карате клуб Штип, како и до Карате Федерација на Македонија за поддршката низ годините. Посебна благодарност изрази до семејството, кое, како што истакна, било неговата најголема сила во моментите на победи.

Иако се повлекува од активното натпреварување, Павлов најави дека ќе продолжи да биде дел од спортот и да служи како мотивација и инспирација за младите генерации каратисти во Македонија.

Со неговото повлекување, македонскиот спорт се збогува со еден од своите најуспешни и најпрепознатливи борци, чие наследство ќе остане силна инспирација за идните шампиони.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница е во пол-позиција за пласман во прва лига!

Штипските сини уше еднаш ја потврдија одличната форма во овој дел од првенството со уште една важна победа против директен конкурент за влез во...

Утре е Благовец: Празник на добрата вест и почетокот на пролетта

Македонските православни верници утре го одбележуваат Светото Благовештение, празник кој во народот е познат како Благовец или Блошчојне. Овој голем христијански празник секогаш паѓа...

Шокантно: 43кг хашиш испливале на грчка плажа!

Морето исфрли речиси 43 килограми хашиш на Родос, во момент кога грчките власти веќе биле на терен по добиена дојава. На плажата Плимири, во...

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

За секое јајце да остане цело, мазно и совршено, ви носиме детални, проверени совети кои ќе сакате да ги земете предвид секојпат кога ќе...

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Артемис II беше лансиран во средата, 1 април. Тимот Артемис, составен од Рид Вајзмен, Виктор Гловер, Кристина Ко и Џереми Хансен, се наоѓа на...
spot_img