21.7 C
Shtip
spot_img

Вечерва во Домот на културата – промоција на поетската збирка „Отуѓеност“ на штипјанецот Методи Бојаџиски

Во НУЦК „Ацо Шопов“, вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Галерија 22 ќе се одржи промоција на новата збирка поезија „Отуѓеност“ од штипскиот автор Методи Бојаџиски.
Промотор на книгата ќе биде Трајче Кацаров, а влезот за посетителите е слободен.
„Отуѓеност“ е современа поетска збирка која ги обработува темите на емоционалната дистанца, оддалеченоста меѓу луѓето и личните преиспитувања во динамиката на современото живеење. Преку интимен и рефлексивен израз, авторот ја доловува состојбата на човекот во време на брзи општествени промени.
Методи Бојаџиски е роден 1974 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерските студии ги завршил на American Public University во САД, од областа на меѓународна политика и меѓународни конфликти. „Отуѓеност“ е негова втора стихозбирка, по првото дело „Испланиран немир“, објавено во списанието „Современост“ во 2023 година.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img