19.7 C
Shtip
spot_img

Македнија се пласираше на Европско!

Избраниците на Јошко Миленковски во СЦ „Борис Трајковски со 3-0 го добија аутсајдерот Грузија и се чекираа на континенталниот собир.

Трофејниот стратег кој се врати на клупата ќе го води сениорскиот тим на уште едно големо натпреварување.

„Поминавме тешко лето во Златната европска лига и на крајот дојде овој одлучувачки натпревар од квалификациите за Европското првенство. Мислам дека ова е голем ден за македонската одбојка. Натпреварот не беше тежок резултатски, но секако дека психолошки бидејќи ни требаше победа од 3-0. Освоениот сет против Грција во првиот дел од квалификациите беше можеби клучен за овој успех, а секако и големиот број на освоени поени на натпреварот во Атина. Затоа голема заслуга за овој пласман има и претходниот стручен штаб.

Во селекцијата имаме возрасни одбојкари, што не ме плаши, бидејќи со возраста доаѓа и зрелоста, како и квалитетот. За нас годините не се важни, овие момци може уште да играат на високо ниво. Во Златната лига им дадовме шанса на помладите одбојкари, кои стекнаа големо искуство играјќи со најдобрите во Европа. За мене поголем е успехот постигнат во Златната европска лига, отколку пласманот на ЕП“, рече Миленкоски.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img