-1.5 C
Shtip
spot_img

МАКЕДОНЕЦ И ДВАЈЦА СРБИ СЕ УБИЕНИ ВО БОЛИВИЈА: Телата биле спакувани во црни ќеси

Шокантно тројно убиство ја потресе јавноста во регионот, откако во Боливија беа пронајдени телата на еден македонски и двајца српски државјани, спакувани во црни пластични ќеси. Според неофицијалните информации што ги пренесува белградска „Политика“, сите тројца биле брутално мачени пред да бидат ликвидирани.

Телата се испратени на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта, а официјална идентификација сè уште нема. Сепак, медиумите јавуваат дека убиениот Македонец е Дејанчо Л., додека еден од Србите е Миљан Ќ., познат под прекарот Итри, од Ниш – наводен предводник на меѓународна организирана криминална група која транспортирала големи количини кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.

Како што наведуваат извори, Миљан Ќ. бил ликвидиран пред два дена, најверојатно на територијата на Боливија. И третиот убиен, исто така од Ниш, се движел низ Јужна Америка со лажни идентификациски документи.

Истражните органи во Боливија, со поддршка на меѓународните полициски служби, работат на расветлување на случајот, кој според првичните информации е поврзан со меѓународни нарко-картели и криминални пресметки.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img