Кристијано Роналдо се сврши со Георгина Родригез и на раката ѝ стави огромен дијамантски прстен, со кој таа синоќа се пофали на Инстаграм. Проценката на цената на тој накит започна веднаш, а за богатството на славниот фудбалер тоа е ситница. А цифрата е огромна.
„Да, сакам. Во овој и во сите мои животи“, пишува Георгина Родригез на својот профил покрај фотографијата од тој скапоцен прстен.
Основачката на „The Clear Cut“, Оливија Ландау, изјавила дека накитот вреди неколку милиони долари!
„Овалниот дијамант е со проценета тежина на 10 карати, можеби дури 15 карати. Се чини дека гп опкружуваат два помали овални дијамантски странични камења, приближно по 2-3 карати. Рамката е од платина со двојни „канџи“ на сите четири агли“, изјавила таа за „Дејли мејл“.
Свршеничкиот прстен веднаш беше спореден со венчалниот прстен на Лорен Санчез, а тој накит чини од 1,5 до пет милиони долари, проценија златарите за „Дејли мејл“. Таа го покажа раскошниот прстен пред неколку месеци на свадбата во Венеција, а тоа парче и свршеничкиот прстен се вистинска слика за богатството со кое располага нејзиниот сопруг Џеф Безос.