16.8 C
Shtip
spot_img

Иван Јорданов повторно кандидат за градоначалник на Штип

На вечерашната седница, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја потврди кандидатурата на актуелниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, за претстојните локални избори. Со ова, Јорданов добива доверба за втор мандат, како признание за неговата досегашна работа и силната поддршка меѓу граѓаните на Штип.

Од партијата информираат дека сите предложени кандидати убедливо водат на анкетите и се докажани лидери кои го имаат „поминато тестот на граѓаните“. Иван Јорданов се наоѓа меѓу нив како еден од најистакнатите претставници на локалната власт, кој зад себе има значајни проекти и иницијативи кои го променија ликот на градот.

Јорданов се наметна како симбол на ефикасна и посветена локална управа – од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка на нови инвестиции, до иницијативи за млади и социјални политики. Неговата нова кандидатура доаѓа како логичен чекор за продолжување на започнатите процеси и градење на модерно и функционално Штип.

Штипјани ќе имаат можност повторно да изберат докажан лидер, кој на терен го покажа својот капацитет и визија.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img