Карло Анчелоти вчера слета во Бразил, а денеска веднап го објави списокот со играчи на кои ќе смета на натпреварите од квалификациите за СП 2026, и тоа против Еквадор и Парагвај.
И кога Дон Карло го објави тој список, веднаш шок во јавноста, вистински хаос. Имено на него ги нема Нејмар и Родриго. Можеби за првиот и беше очекувано ако се знае дека тој постојано се жали на повреди, но за неговиот пулен од времето кога до завчера беше тренер на Реал Мадрид, сите се чудат зошто го изоставил.
Исто така интересно е тоа што го повика Каземиро, кој го врати по пауза од две години.
Ова е списокот на Анчелоти кој предизвика многу полемики во најфудбалската земја во светот:
