22.7 C
Shtip
spot_img

Путин: Ако „Мекдоналдс“ одлучи да се врати, нема да му поставиме црвен тепих

Русија нема да „го простира црвениот тепих“ за „Мекдоналдс“ ако компанијата одлучи да се врати во Русија, изјави Владимир Путин на состанок со бизнисмени во Кремљ.

„Тие (Мекдоналдс) ги доведоа сите во тешка позиција, избегаа, а сега, ако сакаат да се вратат, дали треба да им поставиме црвен тепих? Секако дека не. Разговарав со моите колеги и веќе ја задолжив владата да развие рамка за евентуално враќање на компаниите што сакаат повторно да влезат на рускиот пазар – мирно и без никакво непријателство, имајќи предвид дека најважно е да се заштитат интересите на нашите компании“, нагласи рускиот претседател.

Тој разговараше со Олег Пароев, извршен директор на рускиот синџир за брза храна „Вкусно“ и „Точка“, руската верзија на „Мекдоналдс“. Тој го праша дали неговите „не толку совесни партнери“ кои ја напуштија Русија во 2022 година имаат право да ја откупат компанијата. Доби потврден одговор.

„Заедно со вас, ќе разработиме сè, ќе размислиме до секој детаљ. Но, само за наша корист“, објави Путин. Тој тврди дека некои големи компании што работат во други сектори од економијата веќе му се обратиле и рекле дека нивните странски партнери посочиле дека сакаат да се вратат.

„Јас одговорив – нека се вратат, но нека биде под ваши услови. Ако ви одговара, нека се вратат. Ако ви одговара, слободно, ако не, ќе го средиме тоа. Тоа е тоа“, нагласи тој.

„Мекдоналдс“ одлучи да го напушти рускиот пазар во 2022 година, продавајќи ја компанијата на рускиот претприемач Александар Говор, кој беше франшизен партнер на „Мекдоналдс“ од 2015 година.

━ повеќе содржини

“Танцот инспирира и создава пријателства” – Штип по петти пат домаќин на натпревар по модерни танци

Штип по петти пат ќе биде домаќин на интернационалниот натпревар по модерни танци „Dance Cup Štip“, кој ќе се одржи викендов во Домот на...

Off Road Club Штип организира настан во чест на Тони – Папата

Да покажеме дека вистинските луѓе не се забораваат – тие се носат со себе. Драги пријатели и колеги, Ве покануваме да ни се придружите на посебен...

Yugo ќе има 4-цилиндарски мотор и цена под 20.000 евра

По децении отсутност од сцената, легендарниот автомобил „Yugo“ се враќа – и тоа во голем стил. Плановите за новата генерација на овој култен модел...

Фифти Сент „исплашен“ од Диди

Поранешната асистентка и соработничка на Диди – Каприкорн Кларк, инаку и поранешна директорка на неговата компанија „Бед бој ентертејнмент“ (Bad Boy Entertainment), сведочеше на...

НЕМА ДА ИМА РОД! Малинарите предупредуваат за минималната цена која треба да изнесува годинава

Имајќи предвид дека овогодинешниот род на малина во Србија ќе биде многу помал од ланскиот, а понудата е помала и во другите земји кои...
spot_img