21.4 C
Shtip
spot_img

„Систерс оф мерси“, „Инер серкл“, „Соулфлај“ се само дел од звучните имиња на годинешниов „The Festival“ во Штип

Британските дарк-рок пионери „Систерс оф мерси“ (фото), реге легендите „Инер серкл“ и Макс Кавалера со својот бенд „Соулфлај“ се најавени како главните ѕвезди на новата верзија на Д фестивал (The Festival), кој оваа година првпат ќе се одржи во Штип, на тамошниот стадион од 4 до 6 јули. Организаторот „Пасворд продукција“ објави дека за посетителите ќе има организиран превоз, а музичката програма ќе може да се следи бесплатно, освен што ќе има хуманитарен билет наменет за настраданите во Кочани.

„Поради трагедијата во Кочани, организацијата и најавата на фестивалот ги пролонгиравме за извесно време. Од истите причини, годинава во Штип нема да има камп на фестивалот, а концертите ќе се одржуваат покрај реката Брегалница, каде што се наоѓа и градскиот стадион. Во еко-парковите покрај реката под тврдината Исар се планираат идните фестивалски кампови. Со оваа промена на локацијата сакаме да одиме чекор напред“, вели првиот човек на „Пасворд“, Логин Кочишки.

Годинава Д Фестивал ќе се одржува како хуманитарен фестивал, целосно ќе биде посветен кон поддршка на иницијативата Support Kocani, сето ова се организира со нивна соработка. Влезот за посетителите годинава ќе биде бесплатен, тоа е клучен момент, но ќе постои тн. хуманитарен билет, којшто веќе од денеска ќе биде достапен за продажба онлајн, а сите средства од овие билети целосно ќе бидат наменети за иницијативата Support Kocani.
Музичките настани ќе се одвиваат на две бини, Главна и Москито, на кои ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари.

На прес-конференцијата беше кажано дека најголемиот дел од програмата ќе го сочинуваат домашните артисти, што ги вклучува „Архангел“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, „Љубојна“, „Паркети“, Пијан Славеј, „Мизар“ и Дина Јашари, од соседството доаѓаат „Буч Кесиди“ и „С.А.Р.С.“, а меѓу учесниците е и третопласираниот на годинашната Евровизија, Томи Кеш од Естонија. Организаторите велат дека листата на изведувачи ќе се дополнува во следниот период.

Градоначалникот Иван Јорданов е благодарен што продукцијата го одбрала Штип за нов домаќин и рече дека како Општина ќе сторат сѐ градот да биде гостопримлив.
„Оваа фестивалска манифестација е од заемен интерес и за градот и за илјадниците посетители кои не треба да се грижат за сместување затоа што Штип како студентски град има голем број сместувачки капацитети“, кажа тој.
Д фестивал се одржуваше во Дојран 14 години, но по ланското издание беше донесена одлука за промена на локацијата.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...

“MI6O” на Емигранти руши рекорди!

EMIGRANTI со „MI60“ до 57.000 прегледи за само 7 дена Новата песна прераснува во viral хит, а публиката јасно препознава енергија, ритам и искрен труд. Новата...

Македонија се враќа на Евровизија!

На Јавната седница на програмскиот совет на МРТ, на која присуствуваат претставници на еснафски здруженија, медиумски организации и релевантни институции, Ристоски сподели дека имал...

Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е над 150 илјади денари

Во сервис за возила на улица „Железничка“ во Штип е откриен случај на нелегално користење електрична енергија, по акција на инспекциските екипи на Електродистрибуција. Случајот...

Воиграна екипа на адвокат, вештак и независен синдикат од Штип подучуваат здравствени работници како да тужат

Тим сочинет од штипски адвокат, вештак и еден независен синдикат подучуваат вработени по болниците како да тужат и да испумпаат повеќе пари од Фондот...
spot_img