29.1 C
Shtip
spot_img

Работа од соништата! Бесплатни патувања низ светот и плата близу 120.000 евра

Замислете да патувате низ светот, од Јапонија, преку Мароко до Скандинавија и да уживате во убавините на локалните ентериери и за сето тоа да добивате годишна плата од 116.000 евра.

Ова не е шега. Британската компанија „Шоп хоум стајлс“, специјализирана за мебел и уредување на домот, објави оглас за навистина посебно работно место – консултант за трендови во ентериерот.

Избраниот кандидат ќе има задача да истражува ентериери низ светот: од минималистичките куќички во Јапонија до шарените мексикански хациенди, скандинавскиот дизајн и богатите текстури на пазарите во Маракеш.
Компанијата ќе ги покрие сите трошоци за патување и престој во луксузни сместувачки капацитети, а за возврат бара редовно споделување впечатоци и трендови на нивните профили на социјалните мрежи.

Услови речиси не постојат

Не се потребни никакви формални квалификации, доволно е да сте полнолетни, да поседувате пасош и, како што наведуваат од компанијата, да имате силна страст за ентериери и остро око за стил. Најубавиот дел? На патувањата може да поведете пријател кој ќе ви прави друштво, затоа што, нели, светот е поубав кога се истражува во пар.

Иако звучи како нешто што би се гледало во серија на „Нетфликс“, оваа понуда е вистинита и апликациите се отворени до 16 мај. Ако вашата моментална работа не вклучува патувања, ноќевања во дизајнерски хотели и истражување стилови по светските пазари, можеби е време да размислите за промена на кариерата. Или барем да аплицирате ТУКА.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img