15.1 C
Shtip
spot_img

Градоначалникот Јорданов ги посети “Соколите” пред плеј-оф натпреварите

На последниот тренинг пред најважниот натпревар од сезоната, воедно и почеток на плеј оф серијата во втората кошаркарска лига, присиствуваше и градоначалникот Иван Јорданов. Од клубот на социјалните мрежи изјавија:

“На вчерашниот тренинг нѐ посети градоначалникот на општина Штип г-дин Иван Јорданов. При посетата, тој изрази голема благодарност за досегашното залагање на кошаркарите и за пласманот до сега. Им даде поддршка на целокупниот стручен штаб и играчки кадар за игрите кои претстојат во претстојниот плеј-оф. Како и до сега, потврди дека општина Штип стои и ќе стои зад клубот во амбициите за прва лига!

Изразуваме благодарност!

Се гледаме во 19:00 во сала!”

Потсетуваме дека првиот натпревар против КК “Бутел” се игра денес во 19:00 часот во СЦ “Јордан Мијалков”.

━ повеќе содржини

Интензивни врнежи оставија наноси – улиците се расчистуваат и мијат по невремето

По краткотрајните, но интензивни врнежи, јавните претпријатија се активираа на терен за расчистување и перење на улиците покриени со земјени наноси. Акцијата опфаќа повеќе...

Летово во Штип: Голем музички фестивал и културно лето полно со настани

Штип оваа година ќе биде домаќин на еден од најпознатите музички фестивали во земјава – „The Festival“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави...

Специјализирана болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ – Сигурност, Стручност и Грижа за Вашето Здравје

Со гордост Ви ја претставуваме Специјализираната болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ – првата приватна болница од ваков вид во источна Македонија, со...

Скокна минималниот износ за К-15 – Еве колку пари ќе ни легнат на сметка годинава

Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод...

Македонската полиција го одбележа 7 Мај со фокус на безбедноста и борбата против криминалот

Клучната улога на полициските службеници во обезбедувањето на јавната безбедност и борбата против криминалот и корупцијата беа во фокусот на денешното одбележување на 7...
spot_img