31.1 C
Shtip
spot_img

На 116 години почина најстариот жител на светот!

Вчера, на 116 години почина најстарата личност на светот, бразилската калуѓерка Ина Канабаро Лукас. Родена на 8 јуни 1908, таа станала католичка калуѓерка во рани 20-ти години.

Нејзиното семејство кажа дека Ина секогаш го славела својот роденден со торта во облик на стадионот на нејзиниот омилен фудбалски клуб, Интернасионал од Порто Алегре. Таа имала неколку шалови, дресови и колекција перници од клубот.

Сестра Ина, која била благословена од папата Фрањо во 2018, кажа дека ја должела својата долговечност на верата и дека господ е тајната на животот. Внукот на Ина изјави дека таа немала познати болести, туку „нејзиното тело постепено престанувало да работи“.

Статусот на најстара личност на светот сега го презема 115-годишната Етел Катерхем од Англија.

━ повеќе содржини

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...

Упасен штипјанец кој ја претепал сопругата

Од МВР информираат дека е уапсен штипјанец кој ја претепал својата сопруга. Вчера (06.09.2026) во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од...

Објавена книгата „Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“

Неодамна излезе од печат истражувачката студија „Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“ на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи за една од ретките...

Брегалница му “раскина” на Никола Кузманов!

Брегалница забележа три порази на последните четири натпревари во Првата македонска лига, резултати кои донесоа реакција од управата која одлучи да го смени стручниот...
spot_img