25.7 C
Shtip
spot_img

Штип започна со проширување на улицата „Маршал Тито“ и изградба на нови паркинг места

Општина Штип ги започна градежните активности за изградба на конзола на коритото на реката Отиња, на потегот од Влашки мост до Градскиот трговски центар. Проектот, вреден 6 милиони денари, е финансиран од општинскиот буџет.

Работите се насочени кон изградба на нови конзоли, со цел проширување на улицата „Маршал Тито“ во централното градско подрачје, која подолго време има потреба од проширување. Проектот ќе се реализира фазно: во првата фаза се издвоени три милиони денари за изградба на конзолите.

Со реконструкцијата ќе се овозможи повеќе паркинг места преку косо паркирање на возилата, додека улицата ќе остане еднонасочна – информира градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

━ повеќе содржини

Најстуден 30-ти јуни во Москва откако почнаа да се мерат температурите

Метеоролозите вчера во Москва го регистрираа најстудениот 30-ти јуни откако се мерат температурите. „Москва денес сруши рекорд: толку студен 30-ти јуни никогаш не е виден....

Кои актерки и пејачки користат OnlyFans за дополнителен приход?

Платформата за возрасни OnlyFans првично беше популарна само меѓу сексуалните работници, но оттогаш се приклучија голем број познати личности, вклучувајќи актерки и пејачки. Американската пејачка...

YouTube ја зголемува старосната граница за stream креатори на 16 години

Во порака објавена на страницата за поддршка YouTube Help се наведува дека почнувајќи од 22 јули, креаторите ќе треба да имаат 16 години или...

Пет вообичаени попладневни навики кои го саботираат слабеењето

Различни експерти предупредуваат дека малите дејства што ги повторуваме секој ден можат да имаат поголемо влијание од повремените „измамнички оброци“. Подолу се наведени некои...

Дали тавите со кафени наслаги се безбедни за секојдневна употреба?

Според Simply Recipes, има многу контроверзии кога станува збор за кафените наслаги што се наталожуваат на вашите тави. Станува збор за патина, облога што се...
spot_img