28.8 C
Shtip
spot_img

Неколку совети од стоицизмот за пребродување на тешките времиња

Не можете да ги одбегнете тешките времиња и тешките ситуации, но дефинитивно може да се справите со нив. За да развиете емоционална отпорност, треба да научите да се справувате со секојдневните проблеми, како што се грижите и тешкотиите со самоконтролата. Стоицизмот, старогрчки филозофоски правец, има за цел да ги развие доблестите и да го зајакне карактерот, и на тој начин поединецот да ги надмине животните проблеми. Ви споделуваме неколку совети од стоичката филозофија за справување со тешкотиите во животот:

1. Свесност за вредноста

Станувајќи свесни за вашите основни вредности и обидот да живеете според нив, може да ви помогне да најдете чувство за насока и смисла во животот.

2. Немате целосна контрола над ништо освен над вашите постапки и мисли

Стоицизмот се заснова на фокусирање на вашето внимание и напор само на оние работи што можете да ги контролирате, и игнорирање на сè друго. Сознанието дека сте дале сè од себе во дадените околности ќе ви помогне полесно да ги прифатите околностите.

3. Застанете и вдишете длабоко

Силните емоции можат да ве натераат да заборавите дека има и други гледишта за ситуацијата. Но, со време секоја емоција ја губи својата моќ, а со одложување на одлуките за подоцна, избегнувате да станете плен на моменталните реакции на она што се случува.

4. Когнитивно дистанцирање

Когнитивното дистанцирање е способност да ги одделите вашите лични проценки од фактите. Објективната проценка на реалноста, пак, ви помага полесно да се справите со емоциите.

5. Негативна визуелизација

Стоичките филозофи препорачуваат да замислите ситуации во кои сте изгубиле работи што ги цените. Ова ќе ве натера да го цените она што веќе го имате. Наместо да копнеете по она што го немате, треба да научите да изразувате благодарност за работите што веќе ги имате.

6. Ослободување од прекумерна приврзаност кон надворешни фактори

Опседнатоста со нештата, особено со себе, е она што доведува до страдање. Стоиците биле познати по тоа што проповедале рамнодушност кон надворешните работи, пофалбите и критиките на другите.

━ повеќе содржини

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО ШТИП – КАМЕРИТЕ ЌЕ ГИ РЕГИСТРИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРЕКРШОЦИ!

Штип е следен на листата за воведување на системот „Безбеден град“ (Safe City). По Велес и Охрид, системот продолжува да се шири, а според...

Штипскиот тренер Антонио Доневски – Анте со нов ангажман на Малта!

Познатиот штипски фудбалски тренер Антонио Доневски - Анте има нов клуб на Малта - FC Mellieha! Ова е трет ангажман на Доневски на монденскиот...

Се нормализира водоснабдувањето во Штип!

Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Поголем дел од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните кои што живеат во повисоките зони на...

101 година од „Палјачи“ – првата опера во Македонија која се одржала во Штип!

На 29 август 1925 година, во просториите на тогашниот Офицерски дом во Штип, се кренала завесата за операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало....

Благослов и молитва за почетокот на новата учебна година во Штип!

Со благослов и молитва за успешен почеток на новата учебна година, во Штип ќе се одржи соборна молитва – молебен за сите ученици, студенти,...
spot_img