28.5 C
Shtip
spot_img

Александар Ефремов: Ти ќе живееш во нас, засекогаш!

Тешко ми е да зборувам во минато за тебе брату но ти беше личност која го живееше животот со целосна страст, посветеност, искреност, добрина и остави неизбришлив траг во срцата на сите кои те познававме.
Роден на 28 септември 1992 година, Александар се искачи на патот на животот со големи амбиции и желба за постигнување. Запишувањето на факултетот за туризам на универзитетот Гоце Делчев Штип, беше само почеток на неговиот пат, но тоа беше само еден дел од неговата многустранност како личност.
Неговата љубов кон луѓето го одведе во кариерата како лиценциран инструктор во АМД Штип во октомври 2016 година. Но, она што навистина го одликуваше беше неговата пасија и љубов за фотографијата. Ова хоби го започна по завршувањето на средното образование, брзо прерасна во професионална кариера која му донесе признание и почит од сите кои го познаваа и соработуваа со него.
Александар беше човек кој преку својот фотоапарат умееше да ја долови душата на моментот. Со секое кликнување на фотоапаратот, тој го задржуваше најубавото, највредното, и најдлабокото од животот. Неговата работа не беше само да направи фотографии, тој создаваше спомени.
Спомени кои ќе останат засекогаш со нас.

Александар, брату наш, секогаш после сите заеднички фотографски сесии ме прашуваше дали твоето уметничко дело е добро. Ти ги направи најмоќните театарски фотографии кои ќе останат вечни. Твоите фотографии од 6 театарски претстави во Народниот театар Штип не беа само фотографии – тие беа приказни, беа чувства, беа живот. Ти умееше да ја доловиш магијата на секој момент, да ги покажеш актерите како да се впишани во историјата.
Твојата работа беше обележана со посветеност. Секогаш имаше амбиција да се подобруваш, да станеш подобар и никогаш да не престанеш да учиш. Твојата работа како театарски фотограф беше без конкуренција – твоите слики зборуваа повеќе, отколку што било кој збор може да каже, но и повеќе од тоа – ти беше личност која го разбираше, сакаше и почитуваше театарот како уметност, како живот и го преточуваше тоа во слики.Ти беше еден од најдобрите фотографи за мене а и за сите кои го видоа твоето дело.
Но, Александар, ти не беше само уметник. Ти беше инспиратор и како инструктор. Секој млад човек што учел од тебе, се чувствувал почитувано, вреднувано и сигурно во твое присуство, затоа што ти навистина се посветуваше на нивниот развој, на нивната иднина.
Твојата љубов, добрина и твојата насмевка беа твојот најголем одлик како човек. Ти никогаш не остави ни една личност без насмевка, никогаш не одби да помогнеш, никогаш не кажа нешто лошо за никого. Твојата добрина, твојата позитивна енергија, твојата искреност беа тие кои те правеа толку посебен.
Сега, кога треба да се соочиме со твоето отсуство, длабоко во срцето, чувствуваме како дел од нас заминува со тебе.
Секој од нас, сите оние кои те познававме, ќе го носиме твоето сеќавање во себе. На сите нас, на твоите најмили, на твојата фамилија, ќе ни недостасува твојата насмевка, твојата енергија, твојата љубов….
Твоето наследство ќе живее во твоите фотографии, во сите оние кои ги сликаше, во секој човек кому му помагаше, во секој кој ќе се сеќава на твојата насмевка и твојата добра душа. Ти ќе живееш во нас, засекогаш…
Почивај во мир, драг наш Александар, мир и светлина за твојата мила душа…

текст: Ефтим Трајчов Гјаурски

━ повеќе содржини

ЌЕ ИГРААТ НА НОВИОТ СТАДИОН – Барселона доби зелено светло од УЕФА за Камп Ноу

Фудбалскиот клуб Барселона конечно ја доби долгочекуваната дозвола од УЕФА за враќање на својот стадион, легендарниот „Камп Ноу“. Според информациите од каталонските медиуми, европската...

Најубави септемвриски дестинации: Топло Море, Помалку Гужви, Повеќе Шарм

Септември е месецот кога морето уште е топло, градовите се мирни, а цените конечно попуштаат—идеална формула за „мал буџет, голем одмор“ без да жртвувате...

Турција очекува повеќе од два милиони крузери до крајот на 2025 година

Се очекува бројот на крузери што ја посетуваат Турција да надмине два милиони до крајот на 2025 година, потенцијално изедначувајќи го или надминувајќи го...

Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко...

Островот кој заработува милиони од инвазијата на вештачка интелигенција

Во последните година или две, вештачката интелигенција предизвика вистинска технолошка револуција. Во прилог на целосната промена на начинот на кој ние бараме и наоѓаме...
spot_img