26.5 C
Shtip
spot_img

Влада на РМ: “Нема 100 или 120 жртви, не ширете дезинформации”

Со соопштение Владата реагира дека во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите од трагедијата во Кочани.

Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите. Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен, информираат од Владата.

Во соопштението се упатува апел до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации.

Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите, соопштуваат од Владата.

━ повеќе содржини

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...

Упасен штипјанец кој ја претепал сопругата

Од МВР информираат дека е уапсен штипјанец кој ја претепал својата сопруга. Вчера (06.09.2026) во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од...

Објавена книгата „Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“

Неодамна излезе од печат истражувачката студија „Мисномер: Хронотопна прошетка низ несоодветните имиња“ на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи за една од ретките...

Брегалница му “раскина” на Никола Кузманов!

Брегалница забележа три порази на последните четири натпревари во Првата македонска лига, резултати кои донесоа реакција од управата која одлучи да го смени стручниот...
spot_img