15.5 C
Shtip
spot_img

70 години од раѓањето на Fiat 600, популарното „Фиќо“

Ако се вратиме 70 години назад, поимот народен автомобил можевме да го поврземе со мали и евтини автомобили, како што се Citroen 2CV, Renault 4 или Fiat 600. Fiat 600 беше официјално претставен на 9-ти март 1955 година на автомобилскиот саем во Женева, а интересен е бидејќи тој беше присутен на нашите патишта неколку децении.

Беше тоа како што се изговара на италијански, Seicento, симпатичен заоблен автомобил кој со должина од 330 см можеше да превезе цела фамилија.

На почетокот на 1950-те, Италија беше во процес на економско закрепнување по Втората светска војна, а потребата за мали, економични автомобили стануваше се поголема. Fiat веќе имаше успешен модел, Topolino, но пазарот бараше посовремен и поконфорен автомобил. Познатиот Fiat инженер, Данте Ѓакоза, добил задача да создаде нов автомобил кој ќе биде мал, но доволно просторен за четворица и лесен за одржување.

Овој автомобил имаше мотор сместен на задната страна, а тоа беше четирицилндарски мотор кој со 23 КС беше доволен да ја извршува работата.

Веќе една година по неговото претставување, Fiat произведе забавна изведба со ролно покрив, а подоцна пристигна автомобил кој беше вистинска револуција – Multipla со три реда седишта на само 350 см должина. Fiat постојано го унапредуваше својот модел, па веќе во 1960 година беше претставена обновена изведба со нови светла, но и поголем мотор од 767 см³ и 29 КС. Пет години подоцна, вратите започнаа да се отвараат „нормално”, а со поголем резервоар за гориво патувањето на подолги дестинации стана полесно.

Fiat 600 беше произведен во околу 2,7 милиони примероци, но кога ќе се прибројат сите изведби, бројот расте на околу 5 милиони.

Fiat 600 и неговите изведби буквално ја моторизираа Југоисточна Европа, а посебно успешен беше моделот Zastava 750. Fiќо, со неколку модернизации, остана на пазарот сѐ до 1985 година со 900.000 продадени примероци. Овој модел беше произведуван и во Јужна Америка, но и во земји поблиски до нас како Австрија и Германија.

Fiat 600e
Fiat во 2023 година го оживеа името “600” со целосно електричниот модел Fiat 600e, компактен кросовер кој го следи успехот на моделот Fiat 500e.

Технички спецификации:
Мотор: Електричен, со моќност од 156 КС (115 kW)
Батерија: Капацитет од 54 kWh, што овозможува домет до 400 км според WLTP циклусот
Полнење: Поддржува брзо полнење до 100 kW, што овозможува полнење на батеријата до 80% за околу 27 минути
Димензии: Должината на возилото изнесува 4,17 м, што е значително поголемо од оригиналниот Fiat 600

Иако нема техничка поврзаност со оригиналниот Fiat 600, називот “600e” буди носталгија и го поврзува богатото минато на марката со современата електрична иднина.Attach

━ повеќе содржини

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...

Тркалезна маса на тема „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Тркалезна маса и промоција на книгата „Криза на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ од проф. д-р Кирил Барбареев ќе се...

Младите македонски информатичари се закитија со медали на Балканската олимпијада во Тирана, штипјанецот Давков бронзен!

Македонскиот тим освои сребрен и бронзен медал на 33-тата Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026) во Тирана. Владимир Грчев од Кочани се закити со...

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...
spot_img