20.7 C
Shtip
spot_img

50 повредени во Ливерпул, двајца во критична состојба, полицијата вели не е тероризам

Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е дете, откако 53-годишен маж со автомобил удрил во толпа луѓе што ја гледале победничката парада во Ливерпул, беше објавено на прес-конференција во Ливерпул.

Заменик-началникот на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ги потврди претходните извештаи дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен бел маж од областа на Ливерпул, за кого полицијата верува дека го возел возилото во кое беа повредени речиси 50 лица. Таа рече дека истрагата е во тек и дека фактите што довеле до овој инцидент се утврдуваат.

„Инцидентот не се третира како терористички напад“, рече Симс, додавајќи дека станува збор за изолиран случај.

Иако на парадата беа преземени бројни безбедносни мерки, сè уште не е утврдено како автомобилот успеал да се пробие на улицата каде што одеа колоните навивачи на Ливерпул.

Дејвид Кичен од службата за брза помош објави детали за повредените на кои им е укажана помош, велејќи дека 27 лица, меѓу кои четири деца, се префрлени во блиските болници. Две лица, од кои едно е дете, се во критична состојба, но никој не починал на местото на настанот.

Кичен додаде дека 20 лица побарале помош на местото на настанот, но повредите не биле доволно сериозни за да бараат болничко лекување.

Шефот на противпожарната служба Ник Серл изјави дека добиле повик во 18:07 часот. по локално време за инцидент за време на парадата. Кога пристигнале на местото на трагичниот инцидент, пожарникарите пронашле четири лица заробени под автомобил.

„Три лица и едно дете беа извлечени од под возилото и веднаш беа однесени во болница со брза помош“, објави Серл.

━ повеќе содржини

Дејан Митров прв на интернационалниот турнир во пеливанско борење во Кичево

Пеливанскиот клуб Дејан Митров од Штип изминатиот викенд настапи на меѓународен турнир во пеливанско борење кој се одржуваше во Кичево, а штипскиот клуб настапи...

Штип има со што да се гордее – нашиот вундеркинд Дамјан Давков освои сребро на математичката олимпијада во Австралија

Златен медал за Македонија освои Алексиј Тасиќ, а сребрен – Дамјан Давков на 66. Интернационална олимпијада по математика што се одржува во Саншајн Коуст,...

Дали би спиеле во капсула на аеродром?

Капсулните хотели и капсулите за спиење на аеродромите сè повеќе се наметнуваат како спас за патниците кои имаат долги престои или откажани летови што...

Македонски бренд што го освојува светот: „Cafe De Anatolia Experience“ викендов настапи во родната Виница

По успешни настапи во Дубаи, Мускат, Тулум, Санторини, Букурешт, Абу Даби и други светски дестинации, Cafe De Anatolia за првпат го претставувија својот концепт...

Штипскиот доктор Сашко Кедев, првиот македонец што ги освои сите врвови над 8.000 метри

Доктор Сашко Кедев од Штип успеа во нешто што досега не му успеало на ниту еден Македонец – да ги искачи сите 14 планински...
spot_img