12.1 C
Shtip
spot_img

50 повредени во Ливерпул, двајца во критична состојба, полицијата вели не е тероризам

Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е дете, откако 53-годишен маж со автомобил удрил во толпа луѓе што ја гледале победничката парада во Ливерпул, беше објавено на прес-конференција во Ливерпул.

Заменик-началникот на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ги потврди претходните извештаи дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен бел маж од областа на Ливерпул, за кого полицијата верува дека го возел возилото во кое беа повредени речиси 50 лица. Таа рече дека истрагата е во тек и дека фактите што довеле до овој инцидент се утврдуваат.

„Инцидентот не се третира како терористички напад“, рече Симс, додавајќи дека станува збор за изолиран случај.

Иако на парадата беа преземени бројни безбедносни мерки, сè уште не е утврдено како автомобилот успеал да се пробие на улицата каде што одеа колоните навивачи на Ливерпул.

Дејвид Кичен од службата за брза помош објави детали за повредените на кои им е укажана помош, велејќи дека 27 лица, меѓу кои четири деца, се префрлени во блиските болници. Две лица, од кои едно е дете, се во критична состојба, но никој не починал на местото на настанот.

Кичен додаде дека 20 лица побарале помош на местото на настанот, но повредите не биле доволно сериозни за да бараат болничко лекување.

Шефот на противпожарната служба Ник Серл изјави дека добиле повик во 18:07 часот. по локално време за инцидент за време на парадата. Кога пристигнале на местото на трагичниот инцидент, пожарникарите пронашле четири лица заробени под автомобил.

„Три лица и едно дете беа извлечени од под возилото и веднаш беа однесени во болница со брза помош“, објави Серл.

━ повеќе содржини

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...

ОК Штип УГД почна да одбројува до историското деби на европска сцена

Уште само пет денови до првиот меч од европскиот Челинџ купот во одбојка, каде нашиот клуб Штип УГД ќе настапува за прв пат. Во...

НОВА УСЛУГА НА „ВИЗ ЕР“! – ПРАЗНО СЕДИШТЕ ДО ВАС, ПОВЕЌЕ КОМФОР И ПРИОРИТЕТНО КАЧУВАЊЕ: ЕВЕ ШТО ЌЕ НУДИ „ВИЗ КЛАС“!

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ наскоро ќе понуди сосема ново искуство за патниците што сакаат повеќе удобност на летот. Од декември 2025 година, компанијата стартува...

ДАЛИ СЕ ПОСТИ ЗА МИТРОВДЕН?

Македонската православна црква и нејзините верници в сабота, на 8 ноември, го празнуваат Митровден, односно Свети Димитриј, кој се смета за еден од најголемите...

МАЛТА ГИ НАПРАВИ ТЕРЕТАНИТЕ БЕСПЛАТНИ ЗА СИТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 16 ДО 21 ГОДИНА!

Од 2026 година, сите жители на Малта на возраст од 16 до 21 година ќе добијат можност за шест месеци бесплатна членарина во теретана. Оваа...
spot_img