10 C
Shtip
spot_img

22 години без претседателот Борис Трајковски!

Дваесет и две години по трагичниот 26 февруари 2004 година, споменот на Борис Трајковски останува жив, како симбол на државничка посветеност и како болна страница од поновата македонска историја. Поранешниот претседател го загуби животот во авионска несреќа кај Ротимље, во близина на Мостар, заедно со членови на неговиот кабинет и екипажот на владиниот авион.

Годишнината од трагедијата денеска се одбележува на три локации што имаат силна симболика. Во Скопје, во неговата родна Струмица и на местото на несреќата во Босна и Херцеговина. Делегации од државниот врв, претставници на институции и членови на семејството ќе положат свежо цвеќе на неговиот гроб на Градските гробишта Бутел, како и пред спомен-обележјата во Ротимље и Струмица.

Кобното утро во 2004 година, владиниот авион „Кингер“, со кој претседателот патуваше на меѓународна конференција за инвестиции во Босна и Херцеговина, се урна во реонот на Матиќ Брдо, кај селото Хусковиќи, недалеку од Мостар. Леталото требало да слета на мостарскиот аеродром околу осум часот наутро, но наместо тоа исчезна од радарите. Остатоците беа лоцирани дури по едно деноноќие, во тешко пристапен и маглив терен.

Во несреќата, покрај Трајковски, загинаа и неговите соработници од кабинетот: Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска, како и Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи. Животот го загубија и членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Спроведена од македонските и босанските надлежни органи, првичната истрага утврди дека до несреќата довеле пропусти во процедурата за приоѓање кон аеродромот во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и намалена видливост. Години подоцна, во 2013 година, по барање на македонските власти беше отворена нова истрага, што ја водеше меѓународен тим предводен од Омер Кулиќ. И вториот извештај посочи комбинација од грешки на екипажот и системски слабости како клучни фактори за падот на авионот.

Роден на 25 јуни 1956 година во Струмица, Трајковски по образование беше дипломиран правник, со специјализација во деловно право и работни односи. Пред да стане шеф на државата, ја извршуваше функцијата заменик-министер за надворешни работи во владата предводена од Љубчо Георгиевски, а активно беше вклучен и во партиските и меѓународните политички процеси.

━ повеќе содржини

ДиМ и Елида Маркети доаѓаат во Штип!

Чекајќи ги подготовките за отворање на долгонајавуваните Лидл маркети во Штип и воопшто во Македонија, некако во сенка доаѓаат два македонски брендови маркети. Станува...

Сонце и пролетни температури – еве какво ќе биде времето денес и наредните денови

Под влијание на стабилна атмосферска состојба, денешниот ден носи претежно сончево време проследено со мала до умерена облачност на одделни места. Ќе биде присутен...

Горан Тонев: Никогаш не разговаравме за пиротехниката, туку за репертоарот и звукот

„Пожарот настана над бината. Се симнав по скалите од бината, се упатив кон излезот, екстремно брзо се ширеше пожарот, одгоре од сунѓерот капеа капки,...

Интересно тврдење – шимпанзата се пијанчат јадејќи овошје

Шимпанзата во дивината често јадат овошје коешто природно содржи алкохол, се вели во ново истражување на Универзитетот на Калифорнија во Беркли, САД. Овошјето гамбеја албида...

Златото достигна вртоглава цена – 141 евро за грам!

Цената на златото на меѓународните берзи денес (26 февруари 2026) се движи на над 141 евра по грам за 24-каратно злато, според најновите податоци...
spot_img