-2.8 C
Shtip
spot_img

Големо невреме со дожд и град го зафати тетовскиот регион, што предизвика ризик од струен удар за граѓаните, поради што побарано е исклучување на струјата во целиот град.

Попладневното невреме со интензивни врнежи од дожд и град го зафати Тетово. Улиците се потопени, а сообраќајниот метеж е значителен на патот кон Скопје поради големото количество вода. EVN ќе ја исклучи струјата улица по улица заради опасноста од струен удар.

Невремето, што траеше околу 40 минути, предизвика поплавување на многу куќи и објекти во пониските делови на градот.

Штетите се забележани и во земјоделските култури и во урбаните средини, каде оштетени се кровови, канделабри, настрешници, возила и друго.

На 112 беа пријавени повеќе од 200 случаи на штети, вклучувајќи и оштетени возила, особено на автопатот Скопје – Тетово во општина Желино.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img