12.2 C
Shtip
spot_img

10 нови хит серии и сезони на Нетфликс и HBO Max

Стриминг платформите, особено Нетфликс, секојдневно се преплавени со нови содржини.

Па, ако ви е тешко да исфилтрирате што ново вреди да се гледа, можеби ќе ви се допаднат нашите предлози за Нетфликс и HBO Max.

5 нови серии на Нетфликс:

Karma

Karma e нова јужнокорејска крими серија.

Дејството се фокусира на животот на шест различни ликови кои мораат да се справат со последиците од нивните импулсивни и погрешни одлуки.

American Primeval

American Primeval e мини-серија, чие дејство е сместено во 1857 година, за време на воен конфликт.

Главниот лик е жена, која со својот син патува низ опасните територии на американскиот запад со цел да го најде својот сопруг.

Resident Playbook

Јужнокорејската медицинска драма е идеална за фановите на сериите како Grey’s Anatomy.

Дејството ги следи животите на неколку резидентки на гинеколошко-акушерска клиника.

The Breakthrough

Шведската крими серија The Breakthrough брзо стана една од најгледаните на Нетфликс.

Снимена е според висински убиства кои се случиле во Шведска во 2004 година. Главниот лик е детектив кој пробува да го најде убиецот 16 години подоцна.

Adolescence

Сигурни сме дека веќе сте слушнале за Adolescence, и ако не сте ја изгледале, време е да го направите тоа.

Главниот лик е 13-годишно момче кое е обвинето за убиството на девојче од неговото училиште.

Серијата се фокусира на теми како „токсична машкост“ и мизогинија кои стануваат сè поприсутни во светот на адолесцентите.

Found

Found е серија која премиерно беше прикажана во 2023-та, а сега се емитува и втората сезона на HBO Max.

Главниот лик е жена која основа тим со цел да ги најде исчезнатите лица низ Америка за кои веќе заборавиле сите.

When No One Sees Us

Шпанската крими серија е адаптација на истоимениот роман на авторот Серџио Сарија.

Главните ликови се детективка која истражува необично самоубиство и детективка кој истражува исчезнување на американски војник. И, нивните истраги чудно се вплеткуваат.

Long Bright River

Со Аманда Сејфрид во главната улога Long Bright River е уште една крими серија која доби позитивни критики.

Главниот лик е полицајка која е надлежна за област во Филаделфија со сериозен проблем со дрога.

По неколку убиства во областа, таа сфаќа дека можеби нејзиното минато е поврзано со злосторствата.

The Pitt

The Pitt е медицинска драма за која многумина велат дека најреалистично ги прикажува предизвиците на лекарите.

Главните ликови се неколку здравствени работници во болница во Пенсилванија, а дејството се фокусира на нивното секојдневие на работа.

Hacks

Уште една постара серија од 2021-ва, која годинава има нова сезона.

Главниот лик е комичарка која може да ја изгуби целата империја што ја изградила. За да се спаси, склучува необично пријателство со млада сценаристка.

━ повеќе содржини

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...

Авио-спектакл во Штип!

Небото над Штип повторно ќе биде место на авијациска возбуда, пилотска прецизност и прекрасно дружење! Во организација на RIMIN AIR, на Спортскиот аеродром Штип...
spot_img