23.7 C
Shtip
spot_img

Јорданов: Започнува пролетна градежна офанзива во Штип

Почна градежната сезона 2026 година во Општина Штип, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов кој писуствуваше на стартот на целосната реконструкција на улицата „Питу Гули“. Јорданов рече дека екипите од денеска почнуваа со реконструкција на поздомната инфраструктура, односно со замена на нова водоводна и канализациона мрежа, а ќе се работи и на атмосферскиот одвод.

,,Овде е планирано промена на подземна инфраструктура, третирање на атмосферските води, водовод, канализација. Потоа уредување на тротоарските површини со нови павер елементи и на крај асфалтирање. Повеќе од 9 милиони денари се издвоени од буџетот на Општина Штип за оваа активност. Веруваме дека во наредните недели овде ќе бидат испланирани и завршени сите активности. Замолувам за трпение кај жителите, со оглен на тоа што ора да се навлезе темелно да се работи и верувам дека ќе има отежнато движење на возила, но кога се работи за крајна цел целосна реконструкција на инфраструктурата која ја имаме на територијата на оптианта, ова е правиот пат.“, вели Јорданов

Штипскиот градоначалник Јорданов најави дека по завршување на реконструкцијата на улицата „Питу Гули“, градежните активности ќе продолжат и на други улици во населбата Леваци, а тоа се „Коле Неделковски“, „АСНОМ“, „Боро Милевски“ и други.

,,По завршувањето на реконструкциајта на оваа улица, ќе се продолжи со реконструкција на целосна на останатите улици во нас. Леваци. Овде мислам на улицата Коле Неделковски, улица АСНОМ, улица Боро Миевски и други пропратни улици и други, кои што се во планот за реконструкција. Станува збор за една населена зона, која има потреба од промена на

Градоначалникот на општина Штип, Јорданов додава дека се прават темелни реконструкции на улиците, бидејќи подземните инсталации се стари и по половина век. Во наредните денови ќе продолжи и доизградбата на мега паркот кај пешачката и велосипедска патека на реката Брегалница.

━ повеќе содржини

Во четврток во Штип: Презентација на воена опрема, вооружување и способности на Армијата на РМ!

Презентација на воена опрема, вооружување, возила и способности на армиските единици, во четврток организира Армијата на Градскиот стадион во Штип со почеток од 10...

Денес е Курбан Бајрам!

Денес е Курбан Бајрам, еден од најзначајните празници во Исламската религија. Како што истакна Ердован Шабановски, Алах на муслиманите им го дал овој празник...

Детонација во Евролигата – Барселона тргнува по Жељко Обрадовиќ!

Српскиот кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ е повторно во центарот на вниманието во европската кошаркарска јавност, а според каталонските медиуми, токму легендарниот стратег е првата...

Трагедија на патот Штип–Делчево: Човек загина во сообраќајна несреќа

На 25.05.2026 година, околу 21:23 часот, на магистралниот пат Штип–Делчево, во близина на местото викано „Компосара“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот...

Во понеделник во Штип – аудиција за статисти во филм!

По повод новиот игран филм на режисерката Марија Апчевска „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“, што ќе се снима неколку дена во текот на месец јуни, ќе се...
spot_img