14.8 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница оддаде почит кон настраданите во трагедијата во Кочани

На денешниот натпревар од 21.коло во втората Македонска фудбалска лига екипите на ФК Брегалница и ФК Скопје оддадоа почит кон настраданите во трагедијата во Кочани. Тренинг маиците на двете екипи и судиите беа со ликовите на петтемина Штипјани загинати во несреќата.

Пред почетниот свиреж од судијата, маиците беа подарени на присутната публика. Играчите истакнаа и транспарент во знак на солидарност на загинатите.

Пред почетокот на натпреварот, управите и играчите на двете екипи донираа парични средства за настраданите. Кон хуманитарната акција се приклучи и судиската четворка и публиката на Градски. Беа собрани средства со вкупна вредност од 24.360 денари и истите утре ќе бидат уплатени на солидарната сметка на Црвениот Крст наменета за настраданите.

Сите актери на теренот денес покажаа дека фудбалот е повеќе од игра. Инаку, натпреварот заврши со резултат 1:1, а голот за домаќините го постигна Благој Хаџи Кимов во 71-та минута.

━ повеќе содржини

Јубилејно 40-то издание на Макфест!

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“...

Во сабота во Штип ќе се вози шампионски круг во чест на титулата на Петар Мијалков

Датум: 25.10.2025 (сабота) Време: Собирање во 11:00 часот Локација: Кај новата пошта – Градски стадион Ги покануваме сите љубители на моторите да ни се придружат на шампионскиот...

Денес започнува втората кошаркарска лига – штипските Соколи со големи амбиции

Денес (среда) започнува новата сезона во втората кошаркарска лига во која се натпреварува штипската екипа КК Соколи 1933. Во Штип, во СЦ Јордан Мијалков,...

Започнаа активностите во викенд-населбата Плуждино

Започнаа активностите на подземната инфраструктура во викенд населбата Плуждино. Околу 150 викенд куќи ќе бидат поврзани на водоводната линија, со што ќе се реши...

Денес е Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на...
spot_img