Веќе традиционално, на планината Плачковица, по повод празникот Петровден се одржува Outdoor Fest, кој годинава е дел од Штипско културно лето. Во продолжение погледнете ја програмата и сите важни информации околу настанот.
ПРОГРАМА:
Сабота 12.07.2025
09:00 планинарска акција врв Црквиште(1693мнв), црква Св.Спиридон, врв Туртел(1607 мнв) по одбележана патека во должина од 14 км, 4-5 часа.
Старт од место викано Билборди.
Секој да си носи вода минимум 1,5л. и храна од ранец според потребите. Задолжително пријавување кај Емилија 070-348-845
09.00 кањонинг на Вртешка река
Старт од пл.дом Вртешка
Одлична лесна кружна патека полна со возбуда. Задолжително пријавување кај Александар 070-210-063
16.00 Спелеолошко-планинарска акција- посета и разгледување на преубавата пештера “ЌУП”;
старт од место викано ,,Билборди.
Превозот е во сопствена режија.Времетрањето на стазата е три часа во двата правца со висинска елевација од 400 мнв.
Категорија( лесна), погодна за почетници;
ДПС Лисец ќе обезбеди челни лампи и заштитни шлемови за сите учесници кои ќе влегуваат во пештерата, но доколку некој има сопствен шлем и челна лампа пожелно е да се носат.
Храна и вода 1,5л. од ранец за време на акција
Одговорно лице за конатакт на оваа акција е Милорад тел 078 476 716.
17:00 Open day КАЧУВАЊЕ на вештачката карпа за почетници и авантуристи;
Зборно место пл.дом Вртешка. Задолжително пријавување кај Јован 078-548-848
По завршување на акцијата сите учесници се поканети на забава во пл дом Вртешка
20:30 забавата може да почне
-Горан Таневски/Мизар
-Троја
-DJ FLOODER
Со вкусна скара и ладно пиво.
Организатори на фестивалот се:ДПС Лисец – Штип
Општина Штип
Штипско културно лето
ВАЖНО За детални информации за секоја избрана активност како и задолжително пријавување кај одговорните лица најдоцна до 10 јули (четврток)2025.
Пријавувањето за сите кои имаат желба да учествуваат во било која активност е задолжително заради подобра организиција како и заради задолжителното пријавување за вадење дозвола за движење во шуми.
Останатите кои нема да земат учество во активностите се добродојдени на забавата и за нив не е потребно пријавување.
Сите кои ќе сакаат да преноќуваат во пл.дом Вртешка или во шатори потребно е навремено да направат резервација на 078-393-890 Венцо Наков.
Цената за едно ноќевање
-во домот е 500 денари за планинари со платена членарина на ФПСМ за 2025 год и 600 денари за останатите;
– во камп просторот е 200 денари од човек.