30.6 C
Shtip
spot_img

Телеком ги повикува гејмерите да се пријават за T-esport Championship, со награден фонд од 100.000 евра

Четврта година по ред, Телеком го организира онлајн гејминг турнирот T-esports Championship (TEC), кој ги обединува врвните гејмери низ Европа, вклучувајќи ги и гејмерите од Македонија, Хрватска, Унгарија, Полска и Црна Гора.

Турнирот ќе започне на 8 септември, а финалето ќе се одигра на 15 и 16 ноември во Hungexpo во Будимшпешта. Најдобрите играчи од Европа ќе може да се натпреваруваат во 4 игри: Counter-Strike 2, League of Legends, Brawl Stars и за прв пат Rocket League. Оваа година за победниците е обезбеден атрактивен награден фонд од дури 100.000 евра.

T-esports Championship е повеќе од само обичен турнир, што ги спојува врвните гејмери од Централно Источна Европа со млади ентузијасти и им дава шанса да ги тестираат своите можности против сериозно голема и силна конкуренција од повеќе европски земји. Овој шампионат ја поттикнува тимската работа, логичкото размислување и им помага на младите да ги истражат сопствените потенцијали во дигиталниот свет.

Регистрациите за турнирот ќе започнат на 13 август и ќе можат да се направат преку веб-страната www.tesports.gg, по што ќе следуваат квалификации а по нив и официјалниот дел од турнирот, кој ќе се одигра во Swiss фаза. За да се истакне интернационалниот аспект на турнирот, секоја екипа ќе мора да пријави 1 или 2 играчи од земјите учеснички во T-esports Championship: Македонија, Полска, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Минатата година, повеќе од 12.000 гејмери беа регистрирани за турнирот, со преку 9.300 активни гејмери и преку 14.000 кои беа присутни во публиката за време на финалето кое се одигра во Hungexpo. Поради големиот успех, земјите кои го организираат TEC решија и оваа година Будимпешта да биде дом на финалето, како дел од саемот PlayIT.

Телеком ја поддржува гејминг заедницата затоа што верува во моќта на технологијата да ги обединува младите, да поттикнува тимска работа, креативност и дигитална писменост. Со обезбедување брз и стабилен интернет преку најсовремената оптичка мрежа, Телеком создава услови за врвно гејминг искуство.

За повеќе инфо, посетете ја веб-страната www.tesports.gg и следете ги профилите на социјалните мрежи на Македонски Телеком и T-esport Championship.

Пријавете го вашиот тим и подгответе се за забава!

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img