12.8 C
Shtip
spot_img

Саем на мед на штипското шеталиште

Започна есенскиот саем на мед на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип. На десетина поставени штандови имаше придоден мед, но и други пчелни производи, здрави за граѓаните. Оваа година интересот беше значително зголемен, споредбено со претходните години, па имаше учесници од повеќе градови од Истокот.

„Презентираме квалитетен мед, ливадски, шумски, мед од мајчина душичка имаме полен, прополис. Имаме стопосто чист восок и мед во саќе.“ – вели Манев.

Медот е природен и здрав лек кој би требало постојано да се употребува и да биде дел од исхраната, велат пчеларите. На таков начин се намалува опасноста од болести.

„Ова е традиција на квалитетна и здрава понуда на квалитетен мед и пчелни производи, и убаво е граѓаните од прва рака да купуваат мед. Ззнаете која е разлкиката од мед и останатите производи кои се на база на благи супстнци, медот има живи ензими. Тие живи ензими го внесуваат кислородот до најситните клетки во човековиот организам и затоа луѓето што јадат мед се појаки и подобри и подобро се справуваат со сите болести и имаат подобар имунитет и подобар метаболизам.“ – вели Кировски.

Саемот трае 3 дена – 9. 10 и 11 октомври.

━ повеќе содржини

Штипјанецот Тодор Арсовски е првиот музичар од Македонија кој ќе настапи на еден од најреномираните музички фестивали FEMUSC 2026 во Бразил

Тодор Арсовски е млад македонски бас со исклучителен музички сензибилитет и сценска присутност, кој со својот глас и интерпретативна длабочина ја оживува традицијата на...

Вечерва фудбалското дерби под рефлектори ќе може да го проследите од новата трибина на Градски во Штип!

Фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Брегалница и ФК Скопје вечерва од 18:00 часот, фудбалските вљубеници ќе можат да го проследат од новата (западна) трибина на...

СОМА: Семинар на тема ,,Розов октомври“ во Штип, целта е подигање на свеста за борбата со ракот на дојка

Со цел да се подигне свеста за борбата со ракот на дојка, вчера во Штип се одржа семинар на тема „Розов октомври“. Организиран од...

Според OddsChecker најголеми шанси за Нобелова награда за мир има Доналд Трамп

Доналд Трамп, 47. претседател на САД, се најде на врвот на листите за најпрестижното мировно признание во светот – Нобеловата награда за мир за 2025...

Корените го влечат во Берово, Милош Биковиќ најавува голема инвестиција

Еден од најпознатите актери на Балканот, Милош Биковиќ ја посети Малешевијата. Берово деновиве имаше чест да го пречека еден од најпознатите актери на Балканот, Милош...
spot_img