12.3 C
Shtip
spot_img

ПРВ КРУГ НА 19 ОКТОМВРИ: Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври.

Собранискиот спикер, како што се наведува во соопштението на прес-службата на Законодавниот дом,  го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите.

Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, согласно член 16 став 1 од Изборниот законик.

Вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.

По распишувањето на изборите Гаши се обрати до јавноста со пишана изјава во која меѓудругото нагласува дека изборите не се прост технички процес, туку се суштината на нашата демократија.

– Согласно Уставот, Изборниот законик, важечкото законодавство, како и врз основа на моите надлежности како претседател на Собранието, имам чест и институционална одговорност да ве информирам дека денес, официјално, го потпишав Решението за распишување на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Ова решение го доставив до надлежните органи за организирање и спроведување на изборите и очекувам максимален ангажман за реализација на чесен и демократски процес, истакна Гаши.

Тој информира дека во текот на изборната кампања, која започнува дваесет дена пред одржувањето на изборите, Собранието ќе продолжи со редовното административно функционирање, но нема да одржува пленарни седници. Оваа одлука, додава тој, има цел да се избегне злоупотребата на собраниската говорница за изборни цели и да им овозможи на пратениците целосно да се посветат на комуникацијата со граѓаните.

-Сакам да нагласам дека изборите не се прост технички процес, туку се суштината на нашата демократија. Тие претставуваат реална можност граѓаните да изберат водачи кои одразуваат одговорност, визија и посветеност кон јавниот интерес. Така, 19 октомври 2025 година претставува важен момент за зајакнување на демократијата, подобрување на благосостојбата на граѓаните и за градење на подобра иднина за сите, истакна собранискиот спикер.

Нагласувајќи дека како претседател на Собранието е свесен за значењето на обединувачката улога што му е доверена, како и за одговорноста што ја има за да го гарантирам интегритетот и непристрасноста на институции упати повик до сите учесници на изборите за висока политичка култура.

-Затоа, упатувам јасен и искрен повик до сите политички сили, кандидати и соодветни структури да покажат висок степен на политичка култура. Да избегнуваат каква било форма на притисок, разделбен говор и секој обид за инструментализација на институциите и на јавните ресурси за партиски интереси. Ова е процес што треба да се фокусира на граѓанинот, на неговите реални потреби и предизвици, и на конкретните решенија што секој кандидат треба да ги понуди, нагласи Гаши.

Очекува, како што наведе, овој процес да биде доказ за нашата демократска зрелост, каде се почитуваат, правилата, преовладува достоинството и се одразува слободната волја на граѓаните, а не резултат на притисоци или на манипулации.

-На овие избори неопходно е да ги покажеме европските вредности и стандарди за да ја одразиме нашата непоколеблива посветеност кон интеграцијата. Посакувајќи им успех на сите кандидати и на сите политички партии кои ќе учествуваат на овие избори, посакувам овие локални избори да бидат натпревар каде што идеите и визиите за подобра иднина ќе бидат центар на дискусиите, истакна претседателот на Собранието.

━ повеќе содржини

Објавени се сите детали за винскиот салон-фестивал “Приказна во чаша” во Штип

Објавена е комплетната програма и список на случувања на претсојниот вински салон-фестивал "Приказна во чаша", кој за прв пат ќе се одржи во нашиот...

Подвиг на хрватските хирурзи: Извадија тумор од 36 килограми и спасија живот

Тим од врвни хрватски лекари извршија исклучително сложена и ретка оперативна зафат, отстранувајќи тумор со тежина од неверојатни 36 килограми кај една пациентка. Овој...

ЕМИГРАНТИ со нова трака „SuperMen“ – химна против хејтерите

Македонската хип-хоп група ЕМИГРАНТИ го објави својот најнов сингл „SuperMen“, кој излезе симболично на петок 13-ти. Станува збор за енергична trap/hip-hop трака со силна...

Следуваат денови на пониски температури, дожд, а понекаде и снег

Од денес следува промена на временските услови поради продор на ладна воздушна маса од север. Според најавите на метеоролозите, во наредните денови времето ќе...

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Кочани – Виница

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница,...
spot_img