8.5 C
Shtip
spot_img

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека се обезбедени учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици.

Јаневска, исто така, информираше дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното и за првпат во средното образование. Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели.

„Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик“, истакна вчера Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90 проценти од тиражот е веќе испорачан.

Министерката информираше дека системски е решен предизвикот со учебниците кој се провлекуваше со години и дека повеќе нема предмети во основното образование без учебници, нема користење на учебници без склучени договори и регулирани авторски права и нема доцнење на испораката со месеци.

Освен 1.346 образовни асистенти во основните училишта, Јаневска информираше дека за првпат, образовна асистенција ќе добијат и средношколците со посебни образовни потреби, а нив ќе им помагаат 130 образовни асистенти.

━ повеќе содржини

Што се слави повеќе во Македонија? Свети Трифун или Свети Валентајн?

На 14-ти февруари според новиот календар (односно 1-ви февруари според стариот календар) е денот на кој се празнуваат празниците свети Трифун и свети Валентин. Свети Трифун претставува православен...

Студент загина во трамвајска несреќа во Сараево

 Окружното обвинителство во Сараево во петокот ја продолжи истрагата за околностите под кои се случи тешката сообраќајна несреќа претходниот ден, кога трамвај излета од...

Девојките од ОК Младост УГД сериозно “гризат” кон место кое води во европските купови

На синоќешниот дуел против екипата на Пелистер Волеј, екипата на ОК Младост УГД победи со максимални 3:0 во сетови. Во едно одлично издание на...

ФК Брегалница ги претстави последните две засилувања пред почетокот на пролетниот дел

Аљбан Мемеди и Никола Талески се двајцата играчи со кои се заокружи списокот на играчи на кои ќе смета Влатко Костов, шеф на стручниот...

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди...
spot_img