Утревечер постхумно ќе биде промовирана последната книга на авторот Благој Самоников, насловена како ,,Крикот на занемениот молк“ во домот на културата Ацо Шопов во Штип. Промоцијата е предвидена со почеток од 19 часот на малата сцена, која го носи токму името на авторот. Настанот е посветен на ликот и делото на Самоников, истакнат културен работник и прв директор на тогашниот Центар за култура , кој со својата работа оставил значаен белег во културниот живот на градот. Во негова чест, малата сцена од оваа институција, денес го носи неговоти име. Утрешната промоција на ова постхумно издание претставува можност публиката повторно да се доближи до неговото творештво и да оддаде почит на неговиот придонес во културата и книженоста. Настанот е отворен за јавноста.







