22.5 C
Shtip
spot_img

Поранешниот фудбалер на Брегалница, Томислав Блажевски го носи новиот германски газда во клубот!

За загарантирана годишна минимална инвестиција од 600.000 евра, германскиот фудбалски инвеститор Франк Саломон ќе го превземе менаџирањето на ФК Брегалница Штип. Понуда за која со месеци се зборуваше низ фудбалските кулоари низ земјава и понуда која стана реалност во текот на денов кога Општина Штип и официјално ја започна постапката за оттуѓување на 51% од акциите на фудбалскиот клуб.No description available.

Кој е Франк Соломон!? Бизнисмен од Германија кој веќе со години е во фудбалот и во моментов е сопственик на германскиот нисколигаш Феникс Либек кој се натпреварува во четвртата по ранг лига на оваа земја. Нисколигаш кој има вредност од 1,8 милиони евра и нисколигаш кој со 600.000 евра годинша инвестиција може да се натпреварува само во тој низок ранг во Германија. Тие пари во Македонија со екстра финансии од други спонзори и околу 200.000 евра од општината, се цифра која може да донесе силна и конкурентна Брегалница која е на 180 минути од промоција во елитата на Македонија.

И сега најинтересниот момент. Штип е град со многу бизнисмени, спортисти и легенди на Брегалница. Но дали се сеќавате на скромното момче Томче Блажевски?

Со години играше за штипските „сини“, имаше и настапи за младата селекција на Македонија во времето на Мирсад Јонуз. Тој замина на печалба низ Германија, играше за нисколигаши и таму ја почнува соработката а потоа и блискоста со Франк Соломон. Токму тој, Томче Блажевски покрај сите бизнисмени, елити и легенди на Штип, успева да го убеди Германецот да дојде и да инвестира во Брегалница.

Тоа е љубов кон градот и кон клубот… Со вакви потези и моменти. Иако времето ќе покаже за тоа дали клубот оди во вистински раце, но во земјава навикнавме да гледаме разни преваранти кои дојдоа, влегоа по клубовите и ги сотреа. Да се потсетиме само како оваа сезона фатално завршија поранешните прваци како Работнички, Македонија Ѓ.П и Шкупи. Но сите тие со себе имаа или им се залепија локални преваранти кои дополнително допринесоа за уништување на споменатите клубови.

Да се надеваме дека Штип кој е фудбалски град ќе има успеси и радости со новиот спонзор.

„Сините“ и Брегалница заслужуваат да се дел од елитата на Македонија.

━ повеќе содржини

Раде и Марјан Ивановски од Штип со златно одличје на “Бланик Куп” во Приједор!

Татко и син од Штип со злато за Македонија на „Бланик куп“ во Приједор: Раде и Марјан Ивановски најдобри во екипна конкуренција. Македонското воздухопловство забележа...

Бројот на запишани студенти на УГД поголем од ланската година!

1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип. Бројот е поголем од лани. 1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип, во првиот...

Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и oдбивала да си замине!

Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си...

Штип: Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во саботата, на 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа...

Штипјанката Бојана, обвинета во случај со брутално убиство во Хрватска, исчезна заедно со своето малолетно дете!

Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска, родена во Штип, која минатата година беше обвинета за повеќе кривични дела поврзани со случајот со бруталното...
spot_img