9.2 C
Shtip
spot_img

„ОЕЈЗИС“ СЕ ВРАТИЈА НА СЦЕНА ПО 16 ГОДИНИ И ИМ СЕ ИЗВИНИЈА НА ФАНОВИТЕ ШТО ЧЕКАА ТОЛКУ ДОЛГО

Тоа беше моментот што фановите го чекаа 16 години, поточно 5.795 дена.

Најголемите ѕвезди од ерата на бритпопот „Оејзис“ синоќа ја почнаа својата повратничка турнеја со концертот на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, при што Лијам Галагер им се извини на фановите што толку долго го чекале обединувањето.

„Здраво на сите, помина многу време. Убаво е што се вративме“, кажа тој пред 70.000 фанови.

Почнувајќи со песната „Hello“ од нивниот втор албум, бендот звучеше освежено и подмладено, свирајќи класици како „Cigarettes and Alcohol“, „Live Forever“ и „Slide Away“.

„Оејзис“ свиреа пред 70.000 фанови на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф

Ова беше првиот концерт на „Оејзис“ од 2009, кога Ноел Галагер драматично го напушти бендот по караница со Лијам на фестивал близу Париз. Браќата Галагер, кои сега имаат 58 и 52 години, оттогаш не настапувале заедно и долго време се спротивставуваа на притисокот за обединување, дури и со ветување за мултимилионска премија, иако Лијам беше поотворен за идејата.

Иако браќата меѓусебно не се шегуваа на сцената во текот на целиот настап, тие на кратко се поздравија и малку се прегрнаа по последната од 23-те песни.

На првиот дел од турнејата „Оејзис“ ќе имаат 18 настапи во Велика Британија и Ирска, по што ќе одат во Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Австралија.

━ повеќе содржини

Извидници со донаторска акција го обновуваат извидничкиот дом во Штип

Извидници на одредот „Еквинокс“ започнаа донаторска акција со цел да го реновираат извидничкиот дом во Дом на млади, Штип, за кој, како што велат, со години...

Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо...

29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари

Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул. Меѓу...

Binance доаѓа во Македонија: На 11 декември голем Community Meetup настан за крипто-ентузијастите

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11 декември 2025 година во 17 часот...

Од 1 јануари помали трошоци за пренос и дистрибуција на струја

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64% , надоместокот за користење на преносниот систем...
spot_img