20.6 C
Shtip
spot_img

ОД АПРИЛ ЦЕНИТЕ НА ИНТЕРНЕТ – Ќе можат ли онлајн-ценовниците да ги поевтинат производите?

Поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкурнетност и намалување на цените – се владините очекувања од промените внесени во Законот за заштита на потрошувачите. Трговците се должни во рок од 45 дена по објавувањето во „Службен весник“ да се прилагодат на измените, односно да ги објават на своите веб-страници цените на сите производи. Со обврска да ги внесуваат промените на дневна основа. Реализацијата на оваа новина би требало да стартува од средината на април.

Граѓаните ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари. Ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ“, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Тоа не е мерка, тоа е евтин и смешен обид да се прикаже дека нешто се работи, додека граѓаните тонат во сиромаштија, обвинуваат од опозициската СДСМ. А, граѓаните, особено повозрасните, како што велат „на невидено“ не можат да кажат дали методот онлајн-ценовници ќе им биде од помош, бидејќи добар дел од нив не се многу вични со пребарувањето на интернет. Други, пак, посочуваат дека и да направат споредба, повторно ќе влезат во најблискиот маркет, затоа што одењето некаде подалеку одзема време.

Како што наведе и Дурмиши, кон законските измени се пристапи за заштита на животниот стандард на граѓаните, а следуваа откако беа донесени владините мерки кои веќе се во сила: ограничени се цените на осумте групи најоснови намирници, а лимитирани се маржите на 102 групи прехранбени производи и средства за хигиена. Сите се означени со „помалку трошоци, повеќе за тебе“, но потрошувачите, како и претходно се жалат дека тие артикли кои не се опфатени со мерките, поскапуваат. Односно, трговците имаат начини како да ги пресретнат рестрикциите и повторно да бидат во ќар.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и спроведуваат засилени контроли. Како што наведе Дурмиши, проверуваат деали маркетите ги усогласиле цените. Според работната агенда, до крајот на неделава треба да се изврши надзор на повеќе од илјада трговски објекти низ земјава. А, потоа ќе бидат презентирани наодите.

Казните се движат од 500 до 10 илјади евра, па и со затварање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат, во просек, околу 10 проценти, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните“, изјави  Дурмиши.

Исто така, тој вели дека ја охрабрува Комисијата за заштита на конкуренцијата да продолжи со контролите на маркетите, во контекст на неодамнешните нивни сознанија за нарушување на пазарната конкуренција од страна на четири синџири маркети кои незаконски се договарале за цените.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img