Објавена е комплетната програма и список на случувања на претсојниот вински салон-фестивал “Приказна во чаша”, кој за прв пат ќе се одржи во нашиот град.
“Имено, на преминот од зима во пролет, на 21.03.2026 во “7even Wedding & Events”, за прв пат во нашиот град се случува настан од ваков тип. По пандан на големите европски метрополи, а со идеја за промоција на нашето македонско виногорје, решивме да го организираме овој настан. “Приказна во чаша” ќе биде евент, каде најдобрите македонски винарии ќе ги изложат своите вина и посетителите ќе имаат можност и исклучителна прилика да ги дегустираат. Освен тоа, ќе имаме и Live Cooking сесии, каде нашиот познат штипјанец Лука Миташев ќе подготвува закуски, кои ќе бидат спарени со вкусната голтка вино. Освен тоа, ќе имаме и штандови со млечни производи и слатки задоволства. Целиот настан ќе биде проследен со музички дел за комплетно уживање. За напомена е дека во склоп на фестивалот, организираме и винска работилница, каде познатиот штипски енолог од винаријата Имако, Атанас Рунчев ќе одржи Masterclass – вертикална дегустација за еволуцијата на Вранецот низ годините (2018-2022).
На настанот ќе бидат изложени вина на 15 штандови.
Како организатори, сакаме да истакнеме дека цената на влезницата ќе биде 600 денари, а истата вклучува: персонализирана чаша за дегустација по гостин, комплетно бесплатна дегустација на премиум вина на сите 15 штандови, All Inclusive закуски и храна, неограничена вода и влез (присуство) на винската работилница.” – изјавија организаторите од Инфинити Про.
На кратко, ова е програмата:
- 16:00ч / Свечено отворање
- 17:00ч / Masterclass – Еволуција на Вранецот низ годините Вертикална дегустација Constellation Vranec 2018 – 2022 – предавач: енолог – Атанас Рунчев од винарија Имако
- 18:00ч / Официјален почеток на салонот, дегустација
- Live Cooking / Chef Лука готви закуски – сервирање во 3 сесии во текот на настанот
- DJ – Themed Music Background
Влезниците ќе може да набавите на врата. Деновиве ќе биде организирана и официјална прес-конференција на која ќе бидат објавени и дополнителни детали.







