30.6 C
Shtip
spot_img

Напален фармер сексуално ги нападнал телињата, кравите, ќерката и сопругата!

Земјоделец кој е обвинет за силување на својата сопруга и малолетна посвоена ќерка за период од две децении е обвинет и за сексуални дејствија со крави и телиња. Како што објави Дејли Мејл, млекарот признал на сопругата дека имал секс со неговите крави и ја натерал да гледа додека ги терал телињата да вршат сексуални дејствија врз него.

На човекот, чие име не може да се објави, деневиве му се суди во Нов Зеланд каде што се соочува со 38 обвиненија за сексуален напад, вклучувајќи 15 за силување, едно за ѕверство врз крави и едно за вршење непристојни дела врз телиња.

Неговата посвоена ќерка пред судијата рекла дека сулувањето започнало кога имала помалку од 10 години и ноќни силувања продолжиле во текот на следната деценија.

„Таа тврди дека била силувана речиси 300 пати“, изјави обвинителката Џералдин Кели пред поротата.

Жртвата рекла дека почувствувала олеснување кога нејзиниот очув направил вазектомија, објави „Њу Зеланд Хералд“.

„Стравовите да не остане бремена, девојчето ги имало уште пред да наполни 12 години“, кажа обвинителката Кели.

Пред судот беше кажано дека мажот имал „дневна потреба“ за секс, што исто така довело до неговото наводно сексуално вознемирување против неговата сопруга.

Тој верувал дека силувањето не постои, велејќи дека сите жени на крајот „попуштаат и уживаат во сексот“.

„Тој исто така ѝ рекол на сопругата дека „не значи да“, им кажа Кели на поротниците.

Мажот наводно ѝ признал на сопругата дека имал секс со некои од кравите и ѝ покажал како го прави тоа. За време на сезоната на телиња, мажот наводно ги терал телињата да вршат орален секс врз него, што го видела и неговата сопруга.

Кели кажа дека во најмалку 20 наврати ја терал сопругата да има секс со него по чинот со телињата.

„Таа му кажа дека ѝ е одвратно, но тој едноставно ќе го стори тоа“, додаде обвинителката.

Адвокатот на земјоделецот, Метју Риџли, рече дека наводната „зоолошка секс градина“ со кравите е бесмислица.

Тој рече дека земјоделецот признал оти имал сексуален однос со својата посвоена ќерка, но тврдел дека тоа било со согласност и кога таа имала над 16 години.

Адвокатот рече секој сексуален однос на неговиот клиент со сопругата бил исто така консензуален. Обвинетиот маж се соочува со 38 обвиненија за сексуален напад

Се очекува судењето да трае во следните три недели.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img