31.8 C
Shtip
spot_img

Летово во Штип: Голем музички фестивал и културно лето полно со настани

Штип оваа година ќе биде домаќин на еден од најпознатите музички фестивали во земјава – „The Festival“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, најави дека во наредните денови ќе биде официјално објавена фестивалската програма. Градот очекува наплив на посетители, што ќе придонесе за зголемен туристички и економски развој.

– Новитет оваа година за Штип е токму „The Festival“. Очекувам програмата да биде објавена во деновите што следуваат. Овој фестивал претставува значајна можност за нашиот град, бидејќи ќе бидеме домаќини на илјадници гости. За сите детали, јавноста ќе биде навремено информирана – изјави Јорданов.

Покрај овој музички настан, најавена е и богата програма во рамки на „Штипското културно лето“. Во текот на летните месеци, штипската публика ќе може да ужива во концерти, изложби, театарски претстави и програми за најмладите. Домот на млади и Домот на културата исто така ќе понудат свои содржини, а општината, како што истакна градоначалникот, останува силен поддржувач на ваквите културни манифестации.

– Во наредните недели ќе ја објавиме и програмата за „Штипското културно лето“. Уверен сум дека ќе го привлече вниманието на штипската јавност – додаде Јорданов.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img