17.5 C
Shtip
spot_img

Колку “се потроши” Кристијано Роналдо за свршеничкиот прстен на Георгина?

Кристијано Роналдо се сврши со Георгина Родригез и на раката ѝ стави огромен дијамантски прстен, со кој таа синоќа се пофали на Инстаграм. Проценката на цената на тој накит започна веднаш, а за богатството на славниот фудбалер тоа е ситница. А цифрата е огромна.

„Да, сакам. Во овој и во сите мои животи“, пишува Георгина Родригез на својот профил покрај фотографијата од тој скапоцен прстен.

Основачката на „The Clear Cut“, Оливија Ландау, изјавила дека накитот вреди неколку милиони долари!

„Овалниот дијамант е со проценета тежина на 10 карати, можеби дури 15 карати. Се чини дека гп опкружуваат два помали овални дијамантски странични камења, приближно по 2-3 карати. Рамката е од платина со двојни „канџи“ на сите четири агли“, изјавила таа за „Дејли мејл“.

Свршеничкиот прстен веднаш беше спореден со венчалниот прстен на Лорен Санчез, а тој накит чини од 1,5 до пет милиони долари, проценија златарите за „Дејли мејл“. Таа го покажа раскошниот прстен пред неколку месеци на свадбата во Венеција, а тоа парче и свршеничкиот прстен се вистинска слика за богатството со кое располага нејзиниот сопруг Џеф Безос.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img