12.3 C
Shtip
spot_img

КАКО СИМБОЛИКА ЗА ЖРТВИТЕ НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЈА ПРЕРАБОТИВМЕ „ВРЕМЕ ЗА ПЛАЧЕЊЕ“ ОД ЏАМБАЗОВ, ВЕЛАТ ТАМАРА ТОДЕВСКА И РОБЕРТ БИЛБИЛОВ

Тамара Тодевска и продуцентот Роберт Билбилов ја преработија „Време за плачење“, хитот на Игор Џамбазов со кој на Макфест во 1992 го освои второто место.

„Некои песни се безвременски. Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење: време (е) за плачење“, вели Тодевска.

Оваа песна симболично ја промовира пред нејзиниот хуманитарен концерт кој ќе се одржи на 8 мај во Младинскиот културен центар, а парите од продадените билети ќе одат за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на 16 март, во кој загинаа 62 лица, а 193 се повредени.

„‘Време за плачење’ е како симболика на мигот во кој се најдовме, во времето кое и после толку години никако да покаже каде (по)греши(в)ме, за најскапата цена сѐ уште да ја плаќамe“, велат Тодевска и Билбилов.

Новата верзија на старата латино тема е клавирска анплагд балада.

Музиката и текстот на оригиналната песна се на Томислав Которчевиќ, а новата верзија е издадена преку светски познатата музичка етикета „Кафе де Анатолија“. Видеото, кое е црно-бело, е во режија на Зоран Зонде Стојановски. Новата верзија на „Време за плачење” е достапна на сите дигитални платформи.

━ повеќе содржини

Објавени се сите детали за винскиот салон-фестивал “Приказна во чаша” во Штип

Објавена е комплетната програма и список на случувања на претсојниот вински салон-фестивал "Приказна во чаша", кој за прв пат ќе се одржи во нашиот...

Подвиг на хрватските хирурзи: Извадија тумор од 36 килограми и спасија живот

Тим од врвни хрватски лекари извршија исклучително сложена и ретка оперативна зафат, отстранувајќи тумор со тежина од неверојатни 36 килограми кај една пациентка. Овој...

ЕМИГРАНТИ со нова трака „SuperMen“ – химна против хејтерите

Македонската хип-хоп група ЕМИГРАНТИ го објави својот најнов сингл „SuperMen“, кој излезе симболично на петок 13-ти. Станува збор за енергична trap/hip-hop трака со силна...

Следуваат денови на пониски температури, дожд, а понекаде и снег

Од денес следува промена на временските услови поради продор на ладна воздушна маса од север. Според најавите на метеоролозите, во наредните денови времето ќе...

Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Кочани – Виница

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница,...
spot_img