-2.3 C
Shtip
spot_img

Доктор Сашко Кедев: Пациенти во Македонија се подложуваат на непотребни операции заради профит

Интервентниот кардиолог со сериозни обвинувања – приватни болници изведуваат ризични интервенции без медицинска потреба

Во денешното издание на емисијата „Стадион“, гостин беше реномираниот интервентен кардиолог Сашко Кедев, кој изнесе алармантни обвинувања за изведување на непотребни хируршки интервенции врз пациенти во земјава.

„Голем дел од мојата консултативна работа е насочена кон одвраќање на луѓе од непотребни интервенции – непотребни стентирања, непотребни операции. Денес сме сведоци на нешто застрашувачко: интервенции кои се прават исклучиво за профит,“ изјави Кедев.

Тој додаде дека постои „пролиферација на приватни болници“ каде што примарниот интерес е профитот, а не здравјето на пациентите. „Имаме докази дека во одредени центри се вршат операции без вистинска медицинска потреба. Се отворале гради, се вршеле сложени хируршки зафати – и тоа без индикација. Во Англија или Америка вакви центри веднаш би биле затворени,“ нагласи кардиологот.

Кедев апелираше релевантните институции, особено Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, да преземат мерки, бидејќи и тие финансираат дел од ваквите интервенции. „Станува збор за многу сериозни етички проблеми поврзани со профитот,“ предупреди тој.

Целата емисија, со наслов „На врвот на светот“, може да ја погледнете на следниот линк:

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img